годинава ја почнавме без тебе, мртвило е по дома - не не бива за свинска Ч), знам јасно ми е. ни фалиш мајка, тмурно е без тебе, се трудам да им свртам по некој муабет ама и они ми се различни секој ден, на Деко твој му е ужасно тешко, јас благодарение на мојот `ментален проблем`гурам некако, тешко ми е, се обидувам да скријам барем од домашните но некако не ми оди - Деко веројатно не ни забележува, но не е проблем, облеан е во тага, Владо твој се труди, се труди твојот аманет да го исполнува, мутав ми е малку деновиве па ќе го носам докај Михова да го ѕирне. Иринчето е злато, интелегенција, убавина, немир - не сакам да го скротам немирот во неа но мора подобро да го менаџира Ч). Да, да не аборавам - Деко свири пијано и супер му оди, неговиот фанатизам му помага да се изрази на 1001 начин, се молам да го преточи во среќа, исполнетост... Игорче му помага во тоа, иако го нервира - некако не научија да прават муабет :), се надополнуваат неразбирајки се. И тој веројатно е добар, јас сум на страна... далеку од било чии мисли, силен сум јас Ч) ми фалиш мајка, до скоро видување п.с онаа мојата е исто така заникаде, ја ебе во здрав мозок како и секогаш, се надевам дека ќе собере сили и ќе си замине за нејзино добро. п.с.с те сакам мајка, МИР божји